“На збор е супер, а во реалност нема ништо” е големата реалност која еден наш сограѓанин ја кажа пред скопскиот градоначалник, на што доби одговор “да не ме гласаш никад”. Ова е реалноста во Македонија. Власта надмено над народот. Ова е истата власт на Заев која велеше дека блескаме, а во реалноста блескаме по порази, сиромаштија и криминал. Но народот не може да го потплатат ниту излажат. Добро знаат граѓаните дека Заев е виновен, а одговорот на граѓаните стига на 12 април. Убеден сум дека оваа реченица на градоначалникот од власта ќе ја запамети секој еден граѓанин – пишува лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.