Убеден сум дека граѓаните ќе изберат иднина која ќе биде различна од она што го видоа во овие четири години, ќе видат како вистински се сака државата, како се сака Македонија, како се работи за сите граѓани. Граѓаните ќе изберат реформи или ќе видат како е да има реформи, а не криминал и корупција, реч

е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дебатата со Зоран Заев во емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Мицкоски укажа дека граѓаните на 17 октомври ќе кажат доста е за политиките на Зоран Заев, доста е за криминал и корупција.

„Сигурен сум дека на 17 октомври граѓаните ќе стават крај на Заев и неговата криминална дружина. Ќе кажат на Зоран Заев и неговата дружина, доста е одете си“, кажа Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.