На тв дуелот на МТВ1 гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој се осврна на криминалните игри на СДСМ и Зоран Заев, како и на матните рекет зделки кои водат до Зоран Заев.

 Во однос на Луј Витон торбата која беше изнесена од домот на Јовановски, Зоран Заев вели дека апсолутно нема никаква врска со него, односно самиот тој го пријавил рекетот во Јавното обвинителство. Мицкоски истакна дека доколку Зоран Заев навистина го пријавил рекетот уредно, тогаш би требало да има писмена белешка за таквата пријава, која тој всушност ја нема. Тоа укажува на нелегитимноста на пријавата, вели Мицкоски.

 Господине Заев, Вие неколку пати велите дека сте го пријавиле случајот, а истовремено велите дека немате никаква писмена белешка за пријавата. Било кој граѓанин на Република Македонија доколку достави пријава во ЈО, добива писмена белешка за истата.  Нејсе, јас сакам истрагата да заврши до крај, точно да се знае каде се завршени тие пари, иако Јовановски веќе даде одредени траги и тврдења каде завршиле парите. Немојте да бидете нервозен, во интерес на сите е да се дознае вистината”, вели Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.