Мицкоски во обраќањето на протестот рече дека четири години гледат само неправда, а најдобар доказ за ова, како што рече, е тоа дека за четири години ниту еден министер, ниту еден директор уште не одговарал за злоупотреба или криминал.

Тој го критикуваше Обвинителството дека „не постапува во случај кога во државата се затвора банка од 200 милиони евра, односно за тоа дека со панамски пари во Тетово, се купува земјиште“.

-Гордана Јанкуловска ја однесоа во затвор за мерцедесот, а мерцедесот го возат сами тие. Не може да има владење на правото додека не се вештачи телефонот на Бојан Јовановски во случајот „Рекет”, не може да има владење на право додека не се расветли „Рекет 2″. Нас ни треба правда за обичниот човек. Заев и СДСМ се најголеми непријатели на правдата. Најголемите напади врз мене се затоа што не сум се договарал, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.