Големото поскапување на цената на струјата за компаниите и ЈП, повторно ќе се удри од грбот на народот и со тоа најмногу ќе им наштетат на граѓаните, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Стратегијата на антимакедонската и антинародната СДСМ, заради добивање на политички поени, е таква што не дозволуваат компаниите и јавните претпријатија да плаќаат струја по цена на регулираниот пазар, надевајќи се дека тоа негативно ќе се одрази на ВМРО-ДПМНЕ кое го има мнозинството градоначалници во Македонија, рече Мицкоски во денешното гостување на ТВ 24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.