Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со вршителот на должност помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер.

Од партијата соопштуваат дека на средбата се разговарало за потенцијалот за развој на меѓусебните односи, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за државата.

Соговорниците ја истакнале важноста за развој на македонско-американското стратешко пријателство и поддршка на процесите важни за Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му ги објаснил на високиот функционер од САД деталите и аспектите на Предлог-законот за организирање на обвинителството кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ и важноста за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот од секаков тип.\

 

Мицкоски изразил загриженост поради лошата економска и политичка состојба и ја нагласи потребата за засилени реформи во процесот на исполнување на стратешките приоритети на Република Македонија и ја потврдил заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка соработка и развој на македонско-американските односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.