Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде што уште еднаш го повика премиерот Зоран Заев дека ако е искрен и ако навистина сака да ги заштити идентитетот и јазикот, да седнат заедно и да донесат декларација во Собранието со која ќе се заштитат и македонскиот идентитет, како и јазикот.

-Заев вели, нема јас што да разговарам со лидерот на опозицијата, нема јас што да одам на Комисијата за надворешни работи и да давам отчет за преговорите бидејќи така ќе ги нарушам позициите при преговорите, но затоа пак, дава интервју за бугарски медиум, од кое што, повторно ќе кажам, згрозена е македонската јавност, вклучително и јас. Згрозен сум од сите оние непрецизности, неточности и би рекол распродажбата која таму ја најавува онака, би рекол галантно на тоа интервју. Сега, како ова ние можеме да го разбереме, многу несериозно. И втората работа или втората поента која што сакам да ја кажам е фактот дека пред две недели истиот тој Зоран Заев најавуваше дека нема преговори за македонскиот јазик, нема преговори за македонскиот идентитет и така натаму, и дека тоа биле неговите црвени линии. Еве тоа се и нашите црвени линии, зошто тогаш заеднички не отидеме во Парламент и да изгласаме една декларација или резолуција, не битно, и врз основа на таа декларација или резолуција понатаму да го браниме македонскиот идентитет, да ја браниме македонската посебност, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.