Глас за помалите партии е глас за Зоран Заев, бидејќи така се ситни опозицијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе, упатувајќи порака до граѓаните дека Заев може да падне само ако гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, и да не веруваат на ад хок политичарите кои екскурзијанти во политиката.

Мицкоски потенцираше дека тие помали партии се проект на Зоран Заев за да ја расцепка опозицијата и да остане на власт што е можно повеќе.

– Немам дилема дека тоа е повторно проект на Зоран Заев да направи делење на опозицијата со една цел, да остане уште некој месец повеќе за да може да крадат пусти пари и да останат на власт, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека со глас за помалите партии како експеримент на Заев, и дека секој глас за нив е глас за Заев, бидејќи така се расцепкува опозицијата и се ситни отпорот против криминалците во власта.

– Затоа размислете пред да го дадете својот глас за условно помалите партии. Да не дозволиме да останат овие политички измамници и криминалци, ниту ден повеќе на власт Поддржете не, излезете на 17 октомври во недела и заокружете го бројот 7, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека само со глас за ВМРО-ДПМНЕ ќе има најголема гласност и така ќе се случат промените во Македонија за делегитимирање на власта на Заев и СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.