ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на САД. Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Одлуката и извештајот на САД се однесува првенствено и на високото ниво на корупција. Ајде да зборуваме за тоа дека ниту една голема афера нема правна разрешница. Кој човек од власта лежи казна затвор. Зошто Заев го брани Рашкоски, а судот испорачува и го ослободува. Каде се парите од рекетот?  Зошто се дозволи да избега Ден Дончев иако на камери видовме како зема туце пари. Што е со пасошите давани за криминалци и аферата мафија. Таму лежат службеници, а нема истрага за Спасовски. Зошто никој не го викнал Вице за рекетот од 250 илјади евра во РЕК, додека Ковачевски за зделката е унапреден од директор на РЕК во директор на ЕЛЕМ. Има уште стотици и стотици други скандали, афери, криминали, кражби, неправди и измами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.