Изјавите на Али Ахмети дека услов за коалиција со ДУИ е почитувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанкиот договор за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не се причина за стравување бидејќи, според него, таа претставува политички предизборен маневар.

Политички маневрирања на Ахмети. Априори не се дефинираат условите за коалицирање. Можеби тој нема да биде политичката опција која што ќе биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што ние нема да можеме да најдеме допирна точка по други прашања, вели Мицкоски.

Во однос на постизборната коалиција со некоја од албанските партии во Македонија, Мицкоски потенцира дека компатибилноста на програмите ќе биде пресудна за тоа со кого ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира по победата. Според него клучно е партијата со која ќе коалицира ВМРО-ДПМНЕ да се залага за  бескомпромисна битка со криминалот и корупцијата, почитување на законите и Уставот на државата се разбира, интензивна и пеколна работа за обнова на Македонија.

Апсолутно нашиот став е дека програма со програма ќе коалицираат после овие предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, ќе освои најголем број на пратеници и тоа убедливо ќе победи. И тука пак нема никаква дилема или пак некогаш сум имал дилема и како што ја започнавме нашата емисија, ниту пак некој во македонската јавност има дилема за победата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе правиме коалиција со оној политички субјект каде што ќе се доближиме со позициите и тоа бескомпромисна битка со криминалот и корупцијата, почитување на законите и Уставот на државата се разбира, интензивна, пеколна работа со многу залагање, со многу сопствена енергија потрошена за обнова на државата, затоа што овие информации кои што ние ги имаме навистина се катаклизмички, на нивото на кое што сега се наоѓаат институциите, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.