Зоран Заев го одби нашиот предлог новиот обвинител во новото обвинителство да се занимава со корупција на избрани и именувани лица без разлика кога тој криминал е сторен, откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција по лидерската средба на која не беше постигнат договор меѓу власта и опозицијата за Законот за ЈО.

Сведоци бевме на една панична прес-конференција денеска, полна со небулози, лажни келвети и невистини. Дури Зоран Заев, човекот кој е заштитник и промотор на криминалот во овие три години се дрзна да ме обвини дека истрагата за „Рекет“, според него, водела до мене. Јас не сум како Зоран Заев. Јас верувам во чесноста и честитоста на луѓето и нема да го тужам и нема да се заканувам со тужби поради оваа невистина. Но ќе го предупредам. Свиркачи ги донесоа во ВМРО-ДПМНЕ исказите дадени кај обвинителката која го води предметот „Рекет“, но истовремено и наредбите за вештачење и резултатите од вештачењето. Тука моето име го нема. Но, има имиња на луѓе од власта.  

Мицкоски поредупреди дека внимателно ќе ги набљудуваат настаните и нема да ги презентираат документите сѐ додека постои барем минимална објективност во вдењето на случајот.

Во првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити јавниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.