Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

Според соопштението објавено до партијата на средбата се дискутирало за аткуелните политички случувања во државата, македонската европерспектива и клучните реформски процеси во државата.

Истакнав дека Република Македонија има сериозен проблем со криминалот и корупцијата во највисоките ешалони на власта. Неказнивоста на криминалот и корупцијата исто така се сериозен проблем, напоменато беше дека ниту за „Рекет 1“, ниту за „Рекет 2“, ниту пак за случајот Рашковски сѐ уште нема правна развршница. Ваквата состојба претставува сериозна пречка на патот на македонските европски интеграции. Потенцирав дека интеграцијата во Европската унија на нашата држава е стратешка цел за партијата, но и за Република Македонија и дека новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ нема да губи време и веднаш ќе се зафати со спроведување на суштински реформи, напиша Мицкоски по средбата на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.