Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш се осврна на најавите на власта за изградба на нов Клинички центар. Според него, таков проект не постои туку има само физибилити студија од триесетина страни.

Она што власта сака да го претстави е дека опозицијата ја кочи изградбата е всушност измени на Законот за јавни набавки. Кога го прашав Филипче дали има основен проект ми призна дека нема, откри Мицкоски.

Мицкоски дополни дека нема да дозволат без проект да бидат поторшени половина милјарда евра и оти имаат проект кој ќе чини двојно, а можеби и тројно поевтино. Тој предвидува изградба на Ковид и Ургентен центар на просторот кај поликлиниката Букурешт и Универзитетски клинички центар во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.