Затоа власта на Заев преку ограничување на слободата, диктирањетто на тези преку ваквите парааналитичари и со силно присуство и замешателство на државни полициски структури се создава лажен амбиент во кој бранењето на националите интереси треба да биде нешто што е погрешно.

Нивната цел е кога ќе се каже зборот патриот или Македонија, секој оној кој тоа го збори да се оцрни дека е квази патриот кој брани некаков криминал. А не е така, истакна вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ваквите стереотипи на оцрнувања и лаги и лажни вести Власта ги прави за да ја деградира нашата борба, а на тој начин да го заштити нивниот криминал. Тие сакаат да мислите дека сите сме извалкани со истата кал. Постојано да сте разочарани од политичарите со девизата „сите се исти“. А не сме исти. Дури ни целото СДСМ не се исти, туку се заглавени и киднапирани од триесетина души, на чело со Вице, Зоки, Рада, Путерот и Оли.

Е, затоа народот треба да биде високо свесен за лагите кои ги пласира и пропагандата на власта преку силен притисок за националните, општествените или економските прашања, за онаа вештачка дебата на власта изразена во она стандардно прашање: „А, вие што направивте? А, каде бевте кога Заев ја продаваше Македонија?“

Еве, ќе ви кажам: Се боревме и ќе продолжиме да се бориме. Ете тоа е одговорот. А, нашиот интерес е да го зачуваме не само народот туку и државата. Тоа е иднината која мораме да ја обезбедиме,а ќе ја обезбедиме доколку постапуваме мудро на секое поле и национално останеме освестени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.