Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека не му било дозволено да го види претепаниот Миле Јанакиески по инцидентот кој се случи денеска во „Шутка“ , а кој сега е во болницата „8 септември“.

Дежурниот доктор на Мицкоски му ја кажал дијагнозата на Јанакиески, односно дека тој има повреди по телото.

– Не ми дозволија да го видам господинот Миле Јанакиески – изјави Мицкоски и рече дека никој од болницата не објаснил што се случува точно.

Мицкоски кажа дека пред собата на Јанакиески се случувала вистинска драма. Собата ја чувале голем број на полицајци, но никој не му дозволи да го види.

– Државата не успеа да ги заштити животите на притворениците Јанакиески и Ристoвски – констатира Мицкоски.

Лидерот на опозицијата истакна дека најповикан за оваа ситуација е деспотот Зоран Заев, кој заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за правда Рената Дескоска мора да преземат одговорност.

Тој потенцира дека деспотот Заев тоне, а во тоа тонење повлекува се со себе.

-Веднаш оставка од овие луѓе, формирање на Влада за спас на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира меѓународниот фактор, Комитетот за заштита и превенција од тортура при Советот на Европа и сите релевантни институции. Рацете на Зоран Заев се крвави и не постои вода која што ќе може да ги испере, порача Мицкоски.

Gepostet von Економски Лидер am Donnerstag, 21. Februar 2019

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.