Договорот со Грција не го реши нашиот проблем со интеграциите и тоа е најголемиот проблем што ваквите договори не ги решија нашите проблеми, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Слободен печат“.

ВМРО-ДПМНЕ не учествуваваше во договорот, затоа што и тогаш и денеска ние сметаме дека е штетен. И тогаш и денеска мислиме дека не е одговор и не е решение на проблемите кои што ние ги имвме со нашиот јужен сосед. И тогаш не било храброст, туку нешто друго носењето на овој договор, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека договорите кои ги потпиша Заев со Бугарија и со Грција, нив им се овозможени права за нивните политички проблеми кои што ги имале со нас, но сепак не се решени нашите проблеми и гледаме како во бугарскиот Парламент се донесе Резолуција со нови дополнителни барања.

Овие договори овозможија да нашите соседи кои што имаа политички проблеми со нас, да стекнат права, тие договори сега се потпишани и тие стекнале права. Нашите соседи кои што имале проблем со нашата држава и ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме учествувале, учествувал некој друг политичар, нагласи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.