Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му одговори на премиерот Зоран Заев, кој најави дека е подготвен да ги менува натписите на спомениците од Втората светска војна на кои пишува бугарски фашистички окупатор.

Мицкоски истакна дека доколку тие табли бидат отстранети или променети, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги врати таму каде што треба да стојат со непроменети натписи.

А јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки.

 

Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме! – порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.