Оставете го Никола Груевски, ајде да зборуваме за тоа што е тема, му порача на денешниот тв-дуел Христијан Мицкоски на соговорникот Зоран Заев, откако претседателот на СДСМ постојано и постојано го споменуваше некогашниот премиер.

Господине Заев, се возите во мерцедесот на Груевски, тоа на „М“ се сеќавате? Седите во барокната фотеља и во неговиот кабинет, барем седевте, се надеваат граѓаните дека веќе нема да ја имате таа можност. Господине Заев, опкружени сте со соработниците на Никола Груевски, официјално и неофицијално тие што се во вашиот скут. Вие сте опседнат со Никола Груевски. Оставете го Никола Груевски, ајде да зборуваме за тоа што е тема. Зборуваме за реформите во судството, зошто без квалитетни реформи во судството, без квалитетни обвиненија, без квалитетни пресуди, ние не можеме да ги оправдаме нашите постоења во политиката, јас тоа сакам да зборувам, му порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.