СДСМ живее во паралелен свет каде што единствено нешто што ги интересира е Никола Груевски, а не реалноста во која што пливаат во лаги, невистини и очај, рече Мицкоски кој вечерва гостуваше на тв дуел.

 Во недостиг на аргументи Зоран Заев го користи неоснованиот напад дека ВМРО-ДПМНЕ е сеуште  под капата на Никола Груевски, односно дека Христијан Мицкоски е продолжена рака на Груевски.

 Мицкоски истакна дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ е тој, а партијата се раководи по одлуки донесени на Извршниот и Централниот комитет, што според статутот е сосема легитимно. Наместо тоа, Мицкоски вели дека СДСМ треба да излезе од минатото и да се соочи со реалноста дека само за неколку денови оди во опозиција.

 Господине Заев, не може да одите кон иднината, а да не го вадите од уста Никола Груевски. Секогаш кога сте во недостиг на аргументи, го спомнувате Никола Груевски, иако самите дозволивте да си замине од земјата”, вели Мицкоски.

 СДСМ е во очај и во пресрет на најголемиот пораз во историјата на партијата, пробуваат да манипулираат со народот кој одамна знае кого треба да одбере на претстојните избори. СДСМ заминува во историјата и тоа е неминовно, заврши Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.