Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:

На 24-ти ноември 2020 година, направија измени на Законот за градење и додадоа модуларни градби и монтажно – демонтажни објекти и предвидоа да нема одобрение за градење, а да има решение за поставување.

Со измените, му ги одземаа ингеренциите на министерот за транспорт и ги доделија на министерот за здравство. Прашувам:

Дали има Правилник, изготвен од Министерот за здравство?

Кој е проектант на овие контејнери?

Дали се сите а- тести поминати?

Дали се сите модуларни болници во Македонија вака поставени?

Како обезбедивте енергетска согласност за приклучок и напојување на електрична енергија?

Кога конечно ќе преземете одговорност и ќе признаете вина за геноцид врз сопствениот народ?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.