Денеска станаа кристално јасни две работи. Првата е дека СДС предводен од деспотот Заев е во слободен пад, заради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад, и им следува крај и тежок пораз најпрвин на претседателските избори, а потоа и на неизбежните парламентарни избори. Тие се свесни за тоа, свесни се дека народот не ги поддржува веќе, дека на граѓаните им е преку глава од самоволието на деспотот Заев, од неработата на министрите, од предавствата, од забеганоста на владата. Свесни се дека паѓаат, дека губат и затоа во очај, подмолно, тие сега одат на внесување на страв во општетсвото, на нова тура самоволен политички прогон.

Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.

-Чудовиштето на чие чело е деспотот Заев е разнишано, готово. Го гледа својот крај и затоа е најопасно, затоа презема очајнички потег на внесување страв меѓу народот, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази, на “рекла казала“ муабет, со години после настанот за кој ги обвинуваш. Овие луѓе не се виновни. Народот е веќе разбуден и не се плаши. Заев не ти се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ и народот не ти се плаши. Ова што го правиш е лудило, ама ние сме спремни да понесеме жртва, затоа што знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на Македонија. Ти отчукува часовникот и Заев да знаеш готов си, нема бегање. Колку повеќе високо леташ, потежок ќе биде твојот трескот кога ќе паднеш, тоа јас лично ти го гарантирам. Апси, можеш да нарачуваш и убиства, но знај нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме. СДС знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тие сакаат да се збори за притвори, за апсења, за изживувања за да не се збори за вакцините кои убиваат, за здравството на Филипче кое убива, за неработа на Спасовски која убива, за Кочо и Тевдовски кои безмилосно го осиромашија народот, за тендерите и богатењето на брат ти Вице Заев, братучед ти Трајче, за земјоделците и пензионерите, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека лагите на власта се јасни и затоа е готово со СДСМ и со Заев.

-Втората работа која денес стана јасна, покрај првата и основна дека СДСМ е слаб, е фактот дека единствено решение, единствен модус за да се стави крај на ова деспотство, на оваа игра со судбини, на ова уништување на Македонија, е жестоко да го поразиме СДС на претседателските избори, да го победиме и ќе го победиме! Деспот Заев со овие налудничави потези што ги прави сака да испровоцира реакција од нас, реакција која значи да се откажеме од претседателските избори, за на тој начин да избегне пораз, или пак да направиме чекори кои потоа ќе му служат како алиби на деспотот Заев за веќе извесното недобивање на датум за преговори за ЕУ. Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Трајко, ниту Миле или пак Никола. Овде е проблемот Зоран Заев и неговите уцени, тоталитарни напади, жигосувања, потпалувања на кавги, неморални подметнувања. Овде деспотот Заев си игра со судбини на луѓе, доделувајќи им улоги, уценувајќи ги. И овде нема добитници, ниту поразени, сите губат. Со ваква Кацарска судство, со вакво Рускоска Обвинителство овде нема ниту право ниту правда. Решението за стигање до правда е едно, победа на избори, а потоа на предвремени парламентарни и пораз на Заев и санкционирања на сите неправди, од прва до последна, истакна тој.

Мицкоски му порача на Заев: „Нема бегање од поразот кој ти следи, ќе те победиме жестоко и со голема разлика“.

-Македонија е на нозе и ќе ти врати за сите твои недела кои ги направи. Притискај, апси, корумпирај, вработувај роднини, прави разни будалаштини, нарачувај убиства, заканувај се на нашите семејства, но спас ти нема, ќе те поразиме. Сакам да ти порачам деспоту Заев, за ова што го правиш еден ден кој набрзо ќе дојде, ќе одговараш. Ќе одговараш и ти и твоите соработници, врхушката на министрите, а и обвинителите и судиите кои ти слугуваат. Се ќе се преиспита и се ќе стане јасно. Многу високо си летнат, отсутен си од реалноста, ама драматично ќе паднеш. Сети се на Милошевиќ и сети се на Чаушеску- и тие мислеа дека се недопирливи, ама знаеш како завршија. Ти следува пораз од мене, од ВМРО-ДПМНЕ и од граѓаните на Македонија, ти следува пораз од Македонија. Македонија ќе те победи, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Прес конференција на Претседателот Христијан Мицкоски

Прес конференција на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски 20.02.2019

Gepostet von ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО am Mittwoch, 20. Februar 2019

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.