Скандалот со рекетирањето од страна на група блиска до власта заедно со одреден медиум продолжува да ја тресе македонската јавност. Вчеравечер лидерот на опозицијата потсети дека тој бил прв кој го отворил сомнежот, но тоа не беше доволно Антикорупциската комисија да отвори предмет.

Замислете на ден пред изборите по допрен глас ДКСК отвори истраги за мене, за овој за оној, а никако по допрен глас да отвори истрага за ова, еве што не отворат истрага, што не отвори Јавното обвинителство истрага по допрен глас истарга, праша вчера Христијан Мицкоски во разговорот со Снежана Лупевска Созен на „Топ тема“.

Мицкоски во интервјуто постави јавно прашање дали е точно дека има медиуми кои делат дел од платата на рака, а сомнежи дека еден медиум се злоупотребува за изнуда на спонзорства кажа во изјавата дадена по средбата со коалиционите партнери на 13 март.

Јас имам индиции дека близок роднина на специјалната јавна обвинителка е дел од менаџментот на една телевизија и се користи нејзината позиција во комуникација на потенцијални спонзори на таа телевизија – изјави тогаш Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.