Коментирајќи ја со личен пример, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја осуди постапката за поништување на лустрацијата од страна на Владата на Зоран Заев.

Нашиот став е јасен дека децата и внуците на комунистичките кодоши ќе ги амнестираат кодошите, рече Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Македонската радио телевизија за поништување на законското решение за лустрација.

Според него ова законско решение е лошо, бидејќи токму тие го злоупотребиле системот за да напредуваат во кариери а врз основа на тоа невини луѓе биле казнувани само поради тоа што ја сакале државата.

Еден човек од мојата фамилија завршил на Голи Оток затоа што бил кодошен. Ни крив ни должен човекот, одел во црква, затоа завршил така. И бил обвинет дека антисистемски дејствува. Денеска ги амнестираме кодошите кои го злоупотребиле системот да напредуваат, не за квалитет туку затоа што биле добри поданици. Тоа говори доволно за карактерот на овие луѓе. Ќе се амнестираат кодошите кои граделе кариера врз тоа што кодошеа затоа што сме си ја сакале државата на крајот на денот, и голем број на невини жртви биле таму, рече Мицкоски.

Тој додаде дека наместо да се зборува за рехабилитација на Ченто и Шатев денеска власта ги рехабилитира кодошите.

Наместо да зборување за рехабилитација на еден Ченто, рехабилитација на Шатев ние ги рехабилитираме кодошите, смета Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.