Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Отворено на Алфа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со сиот свој потенцијал се нуди да работи со Владата на СДСМ. Оваа подадена рака за соработка би имала  за цел надминување на сите пречки кои што стојат на патот за Република Македонија барем во октомври да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

После нашите посети на Берлин и другите европски метрополи свативме дека ова лето за жал нема да има датум за преговори. Ние ги молевме сите да не ја казнуваат државава и народот. За жал и ние не успеавме. И денеска се убедува народот дека  ќе има датум, што еве се пролонгира. Јас со највисоките функционери во партијата разговарав да воспоставиме дијалог со власта како би се добил датум за преговори. Датумот за преговори треба да се заслужи. Потребно е да се работи. Овој потенцијал кој што го има Зоран Заев видовме до каде не донесе. Повторно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме, за да може да сработиме за иднината на државата –  рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.