Натпартиските простести кои вечерва се одржаа во 11 градови од утре прераснуваат во блокади во главниот град. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во видеообраќање рече дека живееме во историски моменти кога се одлучува за нашата иднина, кога понудените решнија отвораат поголми проблеми и претставуваат пречка за иднината, а за жал, Зоран ЗАев тоа не го гледа.

Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во рамките на ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историјата. Само политички аматер може во една таква подредена состојба да ја донесе сопствената држава, сопствениот народ и сопствената нација, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видеообраќање.

Мицкоски повика утре масовно без разлика на политичката, верската и етничката припадност од 12:30 до 14 часот да се блокираат Владата и МНР

Ако денеска не успееме, се плашам дека некои идни генерации ќе немаат можност да ја поправат грешката што денес ја прават Зоран Заев и СДСМ, рече Мицкоски.

Тој упати порака и до политичарите.

Немојте да се дрзнете да го чепкате македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебност, македонската историја, традиција, обичаи. Немојте да се дрзнете и да помислите и да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед затоа што таа хартија која што вие ќе ја потпишете е безвредна. Следната Влада која што ќе биде Влада на единство, истото тоа парче хартија нема намера да го почитува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.