Христијан Мицкоски да преземе одговорност и да предложи кандидат за министер за внатрешни работи кој ќе биде во согласност со Уставот. Ако предлогот е прифатлив, уште утре Зоран Заев ќе поднесе оставка и ќе се формира техничка влада, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според него, во најголемата опозициска партија ништо не се променило од времето кога на нејзино чело беше Никола Груевски.

Исто како и Груевски, и Мицкоски тврдоглаво нема доблест да ги признае сопствените грешки. Во белиот дворец им стана навика да не прифатат ништо разумно, дури и кога цела нација гледа дека со нивнот предлог го кршат уставот – рече портпаролот на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.