Ако имаше Заев чесни намери, досега ќе ја напуштеше власта, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во интервју за Република. Мицкоски е песимист дека метлата на Заев ќе почне да мете од вистинското место – „од главата“.

Да е тој на местото на Заев, после сиот непотизам, после толку наместени тендери и сѐ останато, би почнал со чистка токму од главата.

Да ја имам таа улога, јас би почнал од првиот човек. Знаете, имаше еден твит на професорката Гордана Силјановска Давкова, којшто е многу вистинит, дека рибата мириса од главата. Она што беше направено од страна на Зоран Заев и оној негов метла поданик, па го видовме после неколку дена во еден скопски ресторан во една по малку вака театрална состојба, е сцена од еден филм. Дури и тоа не е нивно автентично. Дури и тоа е прекопирано и тоа го изведоа така невешто, што јас денеска имам навистина една дилема – која е вистината, пред првиот круг од претседателските избори кога Зоран Заев заедно со овој неговиот 102,5 проценти поданик претседателски кандидат нѐ убедуваа дека блескаме во светот, дека инвестиции летаат, платите, невработеноста се намалува, дека европската иднина ни е на дофат, само милиметри се во прашање, само да го избереме поданикот на Заев и веќе сме во Европа, или сега овој Зоран Заев кој вели, еве во ред сфативме дека работата не ја бива и сега ќе игра метлата. Вистината е многу јасна – и првиот пат манипулира и многу лаже, и вториот пат манипулира и лаже, зашто единствената цел е што подолго да останат на нивните позиции за пусти пари и пуста моќ. Ниту имаат намера нешто да поработат, ниту имаат потенцијал нешто да променат. Така што, народот, најпрво на 5 мај ќе им ја покаже метлата на Зоран Заев и овој негов поданик кандидат за претседател, а потоа и на предвремените парламентарни избори конечно ќе завршиме со овој тип на политички измамници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.