Цела кампања ваква каква што ја води СДСМ има две цели, првата е да ја намали излезноста, со црната кампања ќе ја спуштат излезноста и ќе дојде до битка на партиските војски на власта и опозицијата, мислам дека им е погрешна проценката. А на народот им е преку глава од нивниот кандидат и масовно ќе излезат за гласаат за Данела Арсовска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на тв Шења.

Проценката им е погрешна, вели Мицкокси, и убеден сум дека масово ќе излезат и ќе гласаат за арсовска.

Втората цел им е да направат немир кај неа, таа била менаџер, истакната е меѓународно како експерт и ова е непознат терен за неа.

„И затоа она вели ќе бидам менаџер, а тоа му треба и на градот“, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.