Мислам дека независниот кандидат за Скопје, Данела Арсовска е пријатно изненадување на политичката сцена на Македонија, а од другата страна имате еден компромитиран кандидат, политичар. За разлика од него таа понуди решенија. Ценам дека во вториот круг таа влегува како фаворит, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хиристијан Мицкоски на вечерашното гостување на телевизија Клан.

Сакам да им пратам порака на скопјани, да им кажам дека се ќе слушнат од политичкиот противник сe, па дури и дека сме дијагноза. А од истиот тој човек кој ги нарече дијагноза во наредните денови мислам дека може да се слушне се – кажа Мицкоски говорејќи за поддржувачите на Шилегов.

Според него ваков човек на скопјани не им треба.

Мислам дека тоа на скопјани не им треба, да и дадеме шанса на Данела која има идеи, капацитет. Таа успешно ја водеше Комората, а таму се бизнисмени, има претставници од сите националности, бизнисот знаете како функционира – рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.