Првите честитки за лавовската борба на македонската репрезентација на првиот настап на Европско првенство пристигнаа од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Честитам момци, главата горе, убавите денови допрва доаѓаат. Македонија ќе победи ✊

Македонската фудбалска репрезентација го загуби првиот натпревар на Европското првенство со 3:1 против Австрија. Избраниците на Игор Ангеловски, сепак, покажаа одлична игра на теренот, а хајлајт на мечот за нас беше 28-мата минута кога капитенот Горан Пандев го постигна неговиот 38-ми гол од 120 настапи во националниот дрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.