Катастрофално се справуваме со корона вирусот и не треба да сме многу паметни за да дојдеме до еден таков заклучок, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата Клан Дебата на ТВ КЛАН, и нагласи дека кога целиот свет се вакцинираше, власта на СДСМ наместо да набави вакцини за имунизација на населението, сакал да трпа провизии за вакцините

Последни сме во Европа според бројот на вакцинирани луѓе, последни сме според бројот на имунизирани. Би рекол дека први сме, или сме меѓу првите водечки по број на лица кои за жал го загубија животот, број на луѓе кои што беа инфицирани, први сме или сме меѓу првите пет во Европа. Она што е потрагично е што сето ова има аура на голема корупција, на огромна аура на голема корупција. Кога цел свет тестираше тоа беше на почетоците, ние се натпреваруваме овде дали има тестови или нема тестови, па се расправавме, па имавме јавна дебата, па овој лажел, па тој не лажел, па ПЦР, па бесплатни тестови, па серолошки, а цел свет масовно тестираше, рече Мицкоски.

Кога цел свет трчаше по вакцини да вакцинира во втората фаза откако се појавија вакцините, потребно беше да се имунизира населението, она население кое што сака да се имунизира со вакцина, владата е должна да им обезбеди, ние водевме дебата дали треба, дали не треба, па од овде ќе најдеме, па од таму ќе најдеме, па излегоа корумптивни скандали се сеќавате, последно што знам е дека се води некој случај пред Антикорупциска комисија каде што практично имаше основано сомнение дека некој сака да стрпа провизија во џеб за тие вакцини. И денеска кога започна светот да размислува за сериозно производство, нас повторно не нема, зошто уште сме во втора фаза да бараме вакцини, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.