14 човечки животи згаснаа предвреме во болница каде што отишле да се излекуваат, да се спасат од болеста, поради неспособноста на одговрните, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговорајќи на прашањата од првата тема во ТВ-дуелот, несреќата во Тетово.

Брзаме со разрешување на Филипче за да спасиме човечки животи, затоа што ситуацијaта е загрижувачка, 14 човечки животи, 12 пациенти  и двајца блиски до пациентите ги загубија своите животи поради неспособноста на надлежните и слабостите на системот кои се резултат на лошото менаџирање на тој систем од страна на надлежните, објасни тој зошто ВМРО-ДПМНЕ се решила за разрешување, а не за интерпелација на министерот за здравтво.

Тој вели дека доколку се поразговaра со роднините кои загубиле свои блиски ќе се увиди сиот гнев и болка затоа што ги загубиле најблиските затоа што тие во болницата отишле по здравје.

И ако денеска има некој кој има грижа на совест во Владата, а тука најповикан е Зоран Заев не само што нема да размислува туку веднаш ќе ги прифати сите овие оставки, и тоа е првата работа којашто треба да ја направи, а тоа моралната одговорност, а потоа следат и поинакви одговорности, затоа што 14 луѓе ги загубија своите животи, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.