Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја имаше првата официјална средба со новата американската амбасадорка Кејт Мери Брнс.

Мицкоски, како што соопштија од партијата, и посака добредојде на амбасадорката и изразил надеж дека соработката во текот на нејзиниот мандат ќе биде во насока на подобрување на стратешките односи помеѓу Република Македонија и САД.

Мицкоски, исто така кажал дека за ВМРО-ДПМНЕ пријателството помеѓу Република Македонија и САД е од особено значење. Тој уште кажал дека „за партијата клучен стратешки интерес е членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.