Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:

Бидете спокојни!

Сето она што ВМРО-ДПМНЕ го вети, во новата влада ќе го испорача! Не само тоа, туку и сето она што пред вас беше земено како ОБВРСКА, од страна на оваа влада на СДСМ, која што е во заминување, ќе биде ИСПОЛНЕТО.

На нас ни е потребна стратегија, а не еднократни мерки.

Бизнисмените ќе го добијат ветениот рамен данок од 8%. Вработените ќе ги добијат ветените покачувања, ќе се изградат автопатите, експресните патишта, земјоделците ќе ги добијат сопствените субвенции.

Воедно, ја повикувам Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси и Антикорупциската комисија, да излезат со став за ветувањата кои никогаш нема да се исполнат, а четири пати беа изнесувани во македонската јавност, од ресорниот министер и Владата.

Бидете спокојни!

Сето она што ВМРО-ДПМНЕ го вети, во новата влада ќе го испорача! Не само тоа, туку и сето она што…

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, 23 May 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.