Само еден ден откако Зоран Заев доби нов мандат на чело на СДСМ стигнаа првите работни задачи што треба да ги исполни. Тоа се разбира е Бугарија и она што властите во Софија го бараат од него-целосно разнебитување на македонската нација и јазик.

Иако Заев невешто се обидува да убеди дека за тоа нема преговори бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева преку германски медиум му порача дека мора да се испорача се што е ветено.

А ветено е нависина многу, а тоа е дека „посебниот македонски идентитет кој се одвоил од бугарскиот е формиран само во минатиот век, односно како што бара Бугарија, од АСНОМ во 1944 година, па до денес“.

За македонскиот јазик пак Заев веќе прифатил дека е дијалект на бугарскиот јазик и оти постои само според Уставот. А уставите во Македонија лесно се менуваат зарем не?

Но, тука не е се. Бугарија Заев да прифати дека Гоце Делчев  и сите илинденци биле македонски Бугари кои се бореле за слобода од Отоманците и дека никако не се Македонци.

Борисов е уште поконретен и говори за заедничка историја и оти одлуките кои треба да се донесат не трпат одлагање.

По сево ова,  се потврдува она што го говореше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  дека  Борисов му кажал дека Заев ветил дека ќе исполни се што бараат Бугарите само да дојде на власт.

Борисов ми има кажано дека ова што сега го бараат е ветено од Зоран Заев, само за да дојде тој да биде премиер, и тоа уште додека бил кмет-откри Мицкоски пред изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.