Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ рече дека за да се надмине ситуација со корона кризата ВМРО-ДПМНЕ предложи мерка до владата да се ослободат студентите од плаќање на партиципација и со тоа ќе помогне да се растерети семејниот буџет.

Еве ние дадовме една фантастична мерка која треба да се прифати од страна на владата е наместо со картички, да се даваат на студентите да го покрие школувањето Владата односно партиципацијата на универзитет. Тоа може да го направи владата, може да ги ослободи родителите од плаќање надомест во градинките, топол оброк во училиштата ако навистина се грижи владата да го растерети семејниот буџет, изјави Мицкоски во своето гостување .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.