Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во општина Ѓорче Петров, ја спомена изјавата на баба Перса кога пред неколку години кога Заев и малите Зоранчиња околу него биле во Волково и се фалеле со проекти, им кажала в лице дека лажат, затоа што во 21 век во Волково се уште се живее во кал и во лоши услови.

Но најдобар одговор за Зоран и овие мали Зоранчињата кој мене ми остана во длабоко сеќавање е одговорот на баба Перса од Волково. Баба Перса е херојот на обичниот човек кој в лице му кажа и на Заев и на овие неговите верни клонови што е вистината. Кога тие велеа пред камерите асфалтирале многу улици, поставиле тротоари, баба Перса им кажа да не лажат, и дека во 21 век живеат во кал, без канализација, во лоши услови. Ете тоа го мисли народот за нив, вели тој. Сето ова мора да го смениме. Да се чуе гласот на обичниот човек. Затоа се потребни промени, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.