Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“ одговараше на прашања за актуелната политичка ситуација во Македонија. На прашањето на неделникот за предвремени избори Мицкоски одговори дека анкетите на партијата, но и оние објективните, велат дека доколку во моментов би имало предвремени парламентарни избори, предноста на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде минимум сто илјади разлика во однос на гласовите што би ги освоил СДСМ.

Така што има еден и единствен начин да се докаже дали ние ја говориме вистината или пак Зоран Заев. Тоа е народот на предвремени парламентарни избори да даде суд за тоа кој е во право. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, и покрај сите скандали што во изминатиов период се случуваа, почнувајќи од она однесување на еден градоначалник кој практично на столче, прилично директно разговара со дел од вработените во општината, па дури на моменти е насилен и применува физичка сила. Потоа гледавме како пратеник од владејачкото мнозинство, кој порачува/поседува забранети супстанции, без разлика дали тоа се опојни дроги или масло од канабис, за понатаму да го видиме оној несреќен тендер на генералниот секретар Рашкоски со низа епитети што ги подели за нашите сојузници јужно од екваторот, што би рекол тој, па сè до овојнајголем скандал од независноста, од 1991, па наваму, а тоа е скандалот „Рекет“, изјави Мицкоски во интервју за „Фокус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.