Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дeнеска од Oхрид на прашањето дали постои можност наредната недела да се одржи лидерска средба со Заев во однос на сите тековни случувања како и за предлог Законот за јавно обвинителство, порача дека нема намера да му го губи времето на Заев ако треба да се одржи лидерска средба колку да се одржи.

Законот за јавно обвинителство е многу често коментиран, работните групи се состануваа, имавме една неуспешна лидерска средба и немаме дилема дека треба да се донесе европски закон за јавно обвинителство. Но, ова што е предложено од страна на СДСМ е закон кој што во иднина треба да ги штити криминалните структрури на СДСМ кој ќе заминат во опозиција по 12 април. Ако треба да се одржи средба колку само да се одржи, јас навистина немам намера да му го губам времето на господинот Заев, ниту времето на граѓаните – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека доколку работните групи успеат да ги приближат ставовите тогаш – може да зборуваат за нешто поконкретно, односно за одржување уште една лидерска средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.