Со промените очекувам партијата да функционира без разлика дали ќе ја предводиме идната влада или ќе бидеме во опозиција.За ВМРО-ДПМНЕ е потребно да извојува победа на следните локални избори.Таква победа имаме на претседателските избори, победивме и сега во 39 општини плус градот Скопје, а СДСМ во 26, објаснува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Со едно рестуктуктутрање, со една нова кадровска промена можеме да постигнеме навистина многу. Но,  не би ме изненадило ако наесен се случат нови предвремени парламентарни избори ако не успееме ниту ние СДСМ ниту друга партија да формира влада. Ако никој не успее да формира влада не ја исклучувам можноста за нови предвремени парламентарни избори наесен-смета Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.