Доколку навистина биде прифатено од страна на СДСМ и Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла на зборот е Македонец, а како националност, односно нација е припадник на Бугарската нација, тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава, дополнително понижување,објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашните прашаања на граѓаните на Фејсбук.

Ова ќе биде апсолутно на негова одговорност, владина одлука која следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, доколку ја предводам јас, веднаш таа одлука ќе ја поништи и нема никогаш понатаму да ја почитува истата-најави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.