Лично како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ако добијам документи кои се од јавен интерес ќе  ги објавам. Кривично дело ќе биде ако не ги објавам, значи сум соучесник и прикривам, рече лидерот на  на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостување на ТВ Алфа, осврнувајќи се на акцијата со издавање фалсификувани пасоши и наводите за саботажа од негова страна со објавување детали од неа.

Во однос на одложениот попис и дали ќе остане истата методологија  Мицкоски посочи дека за него е прифатливо само резидентното население да учествува во статистиката на државата.

Многу е важно  да се каже дека методологијата не е дел од законот, туку подзаконски акт, и треба да е во согласност со нормите што се пропишани од Еуростат.  Во методологијата  стои што значи резидентно, а што нерезидентно  население, да, како статистичка операција овој попис ќе  ги опфати и резидентото и нерезидентното население, но резединетното население е тоа кое ќе учествува  во статистиката на Република Македонија и не прифаќам друго затоа што нерезидентите – да се државјани и ги уживаат истите права како и ние кои сме резидентите, но тие не можат  со мене да го делат БДП бидејќи јас, вие го создаваме, а тие создаваат во државите во кои се, рече Мицкоски.

Упати критики за справувањето со ковид кризата и состојбата во економијата, наведувајќи дека некаде околу 115 милиони евра е новиот долг за само три месеци, како и дека над 55.000 лица ги изгубиле своите работни места.лв/ва/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.