Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ечерва на протестот пред Владата ѝ порача на власта дека борбата штотуку почнала и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да запре.
Првата победа ќе биде на претседателските избори и мора да бидеме сложни и мотивирани. Во април доаѓа големата победа која ќе најави предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски вечерва на четвртиот протестен марш во Скопје.
Тој од пред Владата повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.
Бирај време, бирај место, бирај медиум. Јас и ти тет-а-тет пред Нова година да си кажеме што имаме, му порача Мицкоски на Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе гласаат за секој оној кој што може да се спаси од политики прогон.
Ова што го прави овој афрички монарх е политички прогон и ќе се бориме до последниот човек без разлика дали е пратеник или уметник или обичен граѓанин,рече Мицкоски.
Тој ѝ порача на власта дека народот на следните избори ќе ѝ покаже дали наместените анкети се вистинската слика за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.