Во исто време кога СДСМ троши илјадници евра народни пари за рекламирање и спотови со кои се шират измислени успеси и лажни вести, тие во само еден ден во Собранието граѓаните ги задолжуваат со нови 216 милиони евра, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Според него, лицемерно е кога до пред три години критикуваа зошто постојат владини реклами, а сега трошат милиони денари, но преку партијата за лажни успеси, а платени од народот.

Ама во тие реклами нема ништо да слушнете за тоа дека денес Владата и Заев преку три закони кои се пред пратениците ќе ја задолжат државата за нови 216 милиони евра. Очигледно единствен бројчаник кој врти, освен оној на Заеви, т.е на најбогатото семејство на балканот, е бројчаникот по кој не задолжува власта достигнувајќи јавен долг од рекордни 5.6 милијарди евра, или додека Заев е премиер не задолжил за над 800 милони евра,или околу 4 илјади евра секој еден граѓанин.

Како што во макроеономијата прави компромиси со нови задолжувања, во политичкиот систем прави компромиси на сметка на правото. И денес Заев молчи и нема став за забелешките на Венецијанската комисија, а изборот е или ќе прифати почитување на Уставот и ќе тргне по Европскиот пат, или ќе прифати неправда. Не може Заев да вели дека е за Европски вредности, а неевропски се однесува и не си го почитува Уставот на својата земја. Затоа ајде да поддржиме амандмани кои ќе го направат овој закон уставен и применлив. Македонија е пред промени, а патот кон обновата за која ќе се избориме е пред се пат на вредности и принципи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.