Државата е засрамена, многу процеси ќе бидат ревидирани ви иднина, аферата со пасошите е голем срам и непоправлива штета е за Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

Ова е голем срам и непоправлива штета за Македонија. Ај што се неспособни и се ујдисале со криминалци и цела јавност им се смее.  Зошто овие луѓе немаат такви пасоши од Албанија или Хрватска, Србија или Бугарија. Седам и се мислев што толку им згреши македонскиот народ, за да нанесат такво зло. Ние сме во ек на најголемата афера во последните 10 години. Каде е министерот за корупција Николовски, да излезе и да каже својот став. Ќе водат што ќе значи бескомпромисна борба со криминалот кога ќе се симнат на власт, изјави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.