Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски постојано е меѓу граѓаните, слушајќи ги нивните проблеми, барајќи решение и начин како да им помогне и да им го олесни животот. Во интервју за Прес 24, тој ги лоцира најгорливите проблеми на луѓето, меѓу кои се иселувањето, корупцијата, загадувањето.

Јас изминативе две години неколку пати ја поминав државата и низ сите градови и поголеми населени места. Точно знам што им е потребно на граѓаните и кои ќе бидат решенијата. Сега сум на терен меѓу луѓето во рамките на акцијата “Мицкоски со граѓаните”, а паралелно се одвива и акцијата “Обновата пред вашиот дом”. Број еден проблем на граѓаните се лошите услови за живот, економијата и растечката сиромаштија. Несигурноста е сеприсутна, а огромен број на семејства едвај врзуваат крај со крај. Затоа и се иселуваат, а бројките се немилосрдни. За 3 години дури 200 илјади лица ги напуштиле родните огништа и ја побарале среќата некаде надвор. Цели градови дополнително се празнат кога ќе треба да се оствари некоја сеознска работа во европските држави. А луѓето заминуваат затоа што се несреќни и немаат пари. Но пред се затоа што не гледаа иднина– вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ за Прес 24.

Според него Македонија е меѓу десетте земји со најголема невработеност на млади во светот.

Втор голем проблем е криминалот, корупцијата и неправдите. Македонија има урнисано судство и држава чии правни темели се на стаклени нозе, а тие се такви поради Зоран Заев и криминалните стуктури кои му слугуваат. Корупцијата е потврден проблем и од најрелевантните институции. Транспаренси не рангираше за најкорумпирана земја во Европа. А Заев за три години една правда не донесе, еден случај не реши, а како ќе реши кога во неговиот скут седат голем дел од оние кој порано тој ги нарекуваше криминалци и секако оние новофмирани газди со кои хара по државата – нагласува Мицкоски.

Третиот корпус на проблеми со кој се соочуваат граѓаните е загадниот воздух и екологијата.

Македонија стана и неславен рекордер по најзагаден воздух во ветот. Знаете ли дека во Македонија 9 фирми користат нафтен кокс од кој дури 5 се фирмите уравувани од Заеви или блиски до тоа семејство. Во Македонија само минатиот февруари се внесени 40 илјади тои нафтен кокс и тој е согорен во земјава. Гасифакцијата касни додека граѓаните дишат загаден возду. Е на сите овие проблеми ние ќе понудиме решенија. Ќе понудиме конкретни проекти кои ќе помогнат– вели Мицкоски во интервјуто за Прес 24.

Според него постои уште еден проблем што ги мачи граѓаните

На крај од ова прашање, кога ме прашувате што ги мачи граѓаните нема да ја заборавам свитканата кичма и сменетото име. Тоа боли и пече поради неправдата која и ја нанесоа на државата и поради фактот што државата тапка во место со евро интеграциите – заклучи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.