Оваа неспособна и нефункционална влада се пресликува и во македонското собрание и денеска во една показна вежба им покажавме што ќе следи во наредниот период, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното интервју во Тема на денот на ТВ Сител, за почетокот на блокадата на собранието која започна денеска.

Како една од причините за активна блокада на собранието е токму односот на владејачкото мнозинство кон опозицијата вели Мицевски, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 27 законски решенија, но дури 95 проценти од тие закони не се ставени на пленарна седница.

За да не бидеме погрешно разбрани од граѓаните, ние активно работиме. Поднесовме 10 предлог закони за дополнување на дневниот ред на 71 седница, иако се поднесени минатата недела, владејачкото мнозинство има обврска од три работни дена да ги разгледаат, дополнат и да не известат штос е случува со законите, тие закони не се најдоа на денешната седница. Но, ова не е прв пат, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 27 закони, а 95 не се најдоа на пленарна седница, затоа што власта смета дека законите на опозицијата не треба дури ни да се разгледуваат. Една од причината е токму и ваквиот однос на владејачкото мнозинство кон опозицијата, рече тој.

На прашањето што точно ќе блокира, Мицевски додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите законски решенија кои што се на штета на граѓаните, додавајќи дека вчера на комисиска седница спречиле автентично толкување на Законот за игри на среќа, каде што власта сака да потроши 10 милиони евра за отворање на нова втора видео лотарија.

Се она што значи штетен закон во законодавниот дом. Инаку за јавноста, вчера имавме комисиска расправа каде што ВМРО-ДПМНЕ успеа да блокира едно штетно законско решение, се работи за законот за игри на среќа кој што е блокиран во процедура од страна на ВМРО-ДПМНЕ за кој што имаше многу реакции и за кој што дури здружението „Анти коцка“  од Тетово организираше и средби со нас и бараше да се стопира. Во меѓувреме владејачкото мнозинство преку автентично толкување проба да го помине законот односно измената на членот кој што е најспорен да ја помине со автентично толкување и да дозволи формирање на ново трговско друштво за игри на среќа, односно нова втора видео лотарија во државата. Но, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не дозволи да помине на мала врата, инаку се работи за влог од 10 милиони евра, и дополнително тоа автентично толкување не е завршено на пленарна седница, не е дадено мислење по него, а владата има распишано веќе оглас за  пријавување за потенцијални кандидати за организирање на втора видео лотарија, истакна Мицевски.

Законот за Клиничка болница, тоа е законско решение дојдено на смешни 20 или 30 страни во кој што нема основни податоци, а се бара повеќе од половина милијарда евра за изградба на нова клиничка болница. Во 2017та година поранешниот министер за здравство  Венко Филипче и СДСМ ја спомнуваа таа клиничка болница. Но, морам да потенцирам дека ниту се решени имотно правните односи каде што е планирана изградбата, ниту пак се обезбедени дополни средства за инфраструктурата. Вакви несериозни барање и многу други законски решенија кои што ќе бидат штетни за граѓаните ќе ги блокираме, објасни Мицевски.

Во однос на тоа дали една од опциите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е целосно напуштање на Собранието, Мицевски изјави дека собранието ќе го напуштат само кога ќе се изгласа одлука за распуштање и распишување на предвремени парламентарни избори.

Во никој случај бидејќи во еден ден ќе ги изгласаат сите законски решенија, сите оние спорни закони, за марихуана, клинички центри. И ако планираат и играат на картата дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, не е точно. Собранието ќе го напуштиме само на денот на изгласување на одлука за распуштање на собранието и одржување на предвремени парламентарни избори, дециден е Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.