Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска одлучува по барањето за одобрување притвор на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, Одделение за организиран криминал и корупција.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски порача дека ова е веќе осми пат како власта бара симнување на имунитет на пратеник од опозиција.

Мицевски ги повика пратениците да размислат дали оваа пракса треба да продолжи бидејќи според него Собранието се претворило во монструозна институција каде пратениците се судат меѓу себе и потенцираше дека не треба да се дозволи да се одземе имунитет за најбанална работа.

Додаде дека Димовски од притворот во првиот случај, каде бил цело време редовен во судот, имал нарушено здравје.

Павле Богоевски во реплика ја поздрави дисциплинираноста на Димовски во претходниот судски случај. Претседателот на Комисијата кажа дека тие со гласање не го ставаат во притвор, туку дозволуваат судот да одлучува, при што имаше реакции од пратениците од опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.