Вчера драмолетки, паѓање во несвест во 4 саат сабајле, а денеска документ од Владата со назив “Предлог закон за изменување и дополнување на законот за јавни обвинители на Република Македонија“. Очекувам одговорност и за ова, очекувам и дека до нас денеска ќе стигнат и барањата за оставка на техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој што исто така редовно употребува Република Македонија, меѓутоа и Никола Димитров, Сања Лукаровска и сите оние други институции кои што го користат името Република Македонија – рече координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски на собраниската говорница.

Тој појасни дека на Предлог законот за изменување и дополнување на законот за јавни обвинители стои Република Македонија.

Така стои и во насловот, да, да, Република Македонија колеги. И ако вчера до 4 саатот сабајле дискутиравме за промена на Рашела Мизрахи, затоа што таблата која што ја затекнала во Министерството за труд и социјална политика, била причината за нејзино разрешување, кажете кој од предлагачот од владата на Р. Македонија претставниците Рената Десковска, Едмонд Адеми, Оливер Ристовски, Дејан Павлевски ќе одговара за законското решение кое е дојдено во Собранието со името Република Македонија – додаде Мицевски.

Исто така, тој побара на седницата да присуствува и министерката Рената Десковска, а не да брка пратеници по собраниските ходници, за да насила се изгласа законот за ЈО.

Очекував министерката Десковска да биде присутна на седницата, но изгледа таа е зафатена со бркање на пратеници по собраниските кулоари. Таа беше толку транспарентна што ги повика сите експерти на расправата за јавното обвинителство само за да и служат за декор на претставата на она што го имаше замислено. Да ја оствари својата крајна цел, а тоа е донесувањето на еден закон за ЈО кој е неуставен, неефикасен, нестручен закон со кој што единствено Зоран Заев и компанијата околу него ќе успее правно да регулира одредени сегменти со кои што ќе можат да се заштитат од правно-кривично гонење за сите злодела кои што ги имаат направено во овој период – рече од говорницата Мицевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.