Бевме сведоци на целодневен театар во Собранието, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски доцна синоќа.

Веќе неколку седници бараме 36 седница на која се наоѓа петтиот пакет на мерки, кој го чекаат граѓаните и стопанството и кои се недоволни и не се опфатени сите групи, да ги стават на пленарна седница. Иако вчера ни беше кажано дека ова нема да се случи денес, сепак денеска гледаме дека ние сме условувани да дојдеме на 32 седница за да ја заврши и 36 седница. Тоа е надвор од Деловникот. Џафери требаше да констатира дека нема доволно пратеници за 32 седница и да ја продолжи 36 седница. Очигледно тоа е некој договор или немаат пари па сакаат да манипулираат со јавноста и граѓаните и стопанството и во наредниот период. Морам да кажам дека не само на оваа 32 седница, и на сите други седници  не се усвојуваат амандмани од страна на опозицијата. Се додека оваа опозиција од 44 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и другите пратеници во вкупен број од 58 пратеници, не се испочитуваат и не се свати улогата на тие пратеници, никогаш нема да имаат кворум за седници, рече Мицевски.

Тој објасни дека владејачката гарнитура манипулира со бројот на болни пратеници.

Се вадат на болеста на други колеги, јас им посакувам побрзо оздравување, но денеска им фалеа и други пратеници. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  уште минатата година кажа дека ние институционално ќе делуваме и сите штетни закони кои сакаат да ги протнат ќе ги обзнаниме пред македонската јавност и дека нема да дозволиме тие да поминат. Кворум нема да им правиме на седници. Тоа го знаеја од 2020 година, тоа го знаеја и на почетокот на овој ден. За жал на очиглед на македонската јавност не сакаа денес да се изгласа петтиот пакет на мерки со разно разни образложенија и кажувања. Може да видите дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е тука во текот на целиот ден, очекувавме дека ќе ја стави таа седница денес претседателот на Собранието, но некако потивко пратеничката група на СДСМ се придружи кон тоа да петтиот пакет на мерки денес не се изгласа.

Мицевски демантира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поставувала ултиматуми за започнување на 36-тата седница, како што кажа собранискиот спикер Талат Џафери.

Нема никакви ултиматуми. Имаш кворум или немаш. Штом немаше требаше да ја зтавори 32 седница и да закаже некое нејзино продолжување во некој нареден период. Имаш 36 седница која ја закажа после 18 часот, нека ја почнеше седницата, тука беа пратениците од целата опозиција, ќе ги излагасавме овие мерки и се ќе завршеше. Очигледно некој сака да направи некоја слика во државата или пак буџетот, тоа што прашуваме веќе неколку дена, буџетот е празен и немаат дволно средства за да ги исплатата паарите за петтиот пакет средства за да им помогнат на граѓаните и компаниите. Претседателот на Собранието со неговите реакции го покажува односот према сите пратеници во овој законодавен дом. За жал денеска бевме во ваква ситуација, очигледно несакајќи да се донесе петтиот пакет на мерки се бараше било какво оправдување за да се случи нешто во Собранието. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше тука и не дозволи да се случи некој поголем инцидент се со една цел да се изгласа петтиот пакет на мерки кои што со нетрпение ги очекуваат граѓаните. Јас сум свесен дека во текот на утрешниот ден ќе почнат да се бараат оправдувања по нивните портали и медиуми и ќе почнат да ги спинуваат вестите. Меѓутоа македонската јавност гледа и знае што се случуваше овој ден и оваа вечер во Собранието.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.